ПОКАНАТА ЗА НАТО Е ПРИЗНАНИЕ ЗА СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ДО ДЕНЕСКА, РЕЧЕ ЗАЕВ НА СВЕЧЕНОСТА ВО БРИСЕЛ

    ПОКАНАТА ЗА НАТО Е ПРИЗНАНИЕ ЗА СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ДО ДЕНЕСКА, РЕЧЕ ЗАЕВ НА СВЕЧЕНОСТА ВО БРИСЕЛПремиерот Зоран Заев му се заблагодари на генералниот секретар Јенс Столтенберг, како и на премиерите на Грција и Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов. Реверот на палтото на Заев со значката со знамињата на Македонија и на НАТО (Фото:Влада на РМ)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг официјално му ја врачи на премиерот Зоран Заев поканата за почеток на преговори со Алијансата, по одлуката на Северноатлантскиот совет, вчера во Брисел.

    „Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат.
    Кога сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите членки ќе станете 30-та членка на НАТО““, рече генералниот секретар Столтенберг, по официјалното давање на поканата за НАТО на премиерот Зоран Заев.

    Премиерот Заев му се заблагодари на на генералниот секретар Столтенберг, како и на премиерите на Грција и Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов за потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор за името со Грција.

    „НАТО одлучи да бидеме 30-та членка на Алијансата. Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните, признание за нашата посветена работа веќе две децении, како и и за сите македонски политичари од независноста до денеска. Бидете уверени, дека членството во НАТО ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан“., рече Заев.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари