ПОКРАЈ ПОВИСОКА ПЛАТА, ВОЈНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ УНИФОРМИ И ЧИЗМИ СО НОВИОТ БУЏЕТ

    ПОКРАЈ ПОВИСОКА ПЛАТА, ВОЈНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ УНИФОРМИ И ЧИЗМИ СО НОВИОТ БУЏЕТМинистерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека зголемувањето на платите за Армијата не било луксуз, туку потреба, оти припадниците на Армијата имаат најниски плати во регионот. (Фото: М. Златевска)

    Армијата со Буџетот за 2018 година од јануари ќе има 10 отсто повисоки плати и ќе се модернизираат воената опремата, возилата, а војниците ќе добијат нови униформи и чизми.

    „Зголемувањето на буџетот за Одбраната и за Армијата за 10 отсто покажува радикален пресврт во политиката на владата која се стреми да дојде до 2 отсто од БДП наменет за одбраната, што е НАТО стандард, а ќе дадеме и политички аргументи дека Македонија е сигурна за инвестирање“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната презентација на буџетот за Одбраната.

    Шекеринска рече дека зголемувањето на платите за Армијата не било луксуз, туку потреба, оти припадниците на Армијата имаат најниски плати во регионот.

    Таа најави подмладување на професионалните војници, во 2018 година во АРМ треба да бидат примени 375 нови професионални војници и 50 офицери.

    Буџетот на одбраната за 2018 година изнесува 6,4 милијарди денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира