ПОКРЕНАТА Е ПОСТАПКА ЗА НЕДОАЃАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ НА РАБОТА ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО СОБРАНИЕТО

    ПОКРЕНАТА Е ПОСТАПКА ЗА НЕДОАЃАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ НА РАБОТА ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО СОБРАНИЕТОЗа одземање на пратеничкиот мандат за избеганиот Груевски, кој веќе не прима пратеничка плата, треба 80 гласа од пратениците. - Груевски со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид (Фото:СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ја известил Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот во азил Никола Груевски шест месеци неоправдано отсуствувал од работа како пратеник во Собранието.

    Груевски избега пред да оди во затворот Шутка да ја отслужи двегодишната затворска казна за нарачка на луксузниот мерцедес со високи перформанси, но од парите на полицијата. На 13 ноември 2018 година се пофали од Будимпешта дека добил азил.

    Претседателот на Комисијата Павле Богоевски треба да ја закаже седницата на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на овој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ако донесе заклучок да му се одзеде мандатот, предлогот оди на пленарна седница.

    Пратенички мандат се одзема со двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари