ПОЛИЦИЈАТА ЧЕКА СУДСКИ НАЛОГ ДА ВЛЕЗЕ ВО ШТАБОТ НА АМДИ БАЈРАМ ВО КАВАДАРЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ЧЕКА СУДСКИ НАЛОГ ДА ВЛЕЗЕ ВО ШТАБОТ НА АМДИ БАЈРАМ ВО КАВАДАРЦИ

    Полицијата го обезбедува изборниот штаб на Амди Бајрам во Кавадарци, а внатре има повеќе лица кои беа заклучени одвнатре по пријава на граѓанин дека кавадаречкиот градоначалник Александар Панов наводно му дал илјада денари како поткуп за изборите в недела. Полицајците чекаат судски налог за да можат да влезат во објектот, додека граѓани почнаа да се собираат околу изборниот штаб, јави репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Од кавадаречката локална самоуправа ги отфрлија овие обвинувања со образложение дека овие измислици ги создава деструктивната политика на СДСМ.

    За инцидентот биле известени ОБСЕ/ОДИХР, а полицијата не открива детали за случајот. Основното јавно обвинителството побарало целосна информација за случајот од полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира