ПОЛИЦИЈАТА ДОБИ НАЛОГ И ВЛЕЗЕ ВО ДОМОВИТЕ НА ГРУЈОВСКИ И БОШКОВСКИ ДА ГИ НОСИ ВО ПРИТВОР

    ПОЛИЦИЈАТА ДОБИ НАЛОГ И ВЛЕЗЕ ВО ДОМОВИТЕ НА ГРУЈОВСКИ И БОШКОВСКИ ДА ГИ НОСИ ВО ПРИТВОРОд приведувањето на Грујовски за случајот „Тврдина“ на 20 јули, 2016 во истражна постапка.

    МВР вечерва во 21.30 часот ги доби налозите од Апелациониот суд за спроведување на ексначалникот на Петта управа во МВР Горан Грујовски и Никола Бошковски, вработен во УБК, во притвор во затворот во Шутка.

    Од она што САКАМДАКАЖАМ.МК го дознава од полицијата е дека полицајците веќе се со комбињата пред нивните домови и во случај вечерва да бидат пронајдени, веднаш двајцата ќе бидат спроведени во затворот и тие ќе преноќат во Шутка.

    Неофицијално, полицијата e околу нивните живеалишта уште од објавувањето на веста за одлуката Врховниот суд, кој што ја потврди мерката притвор за двајцата, но додека не бидат најдени и однесени во истражниот затвор, од МВР велат дека информации дали се на нивните адреси или не, нема да бидат давани во јавноста.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира