ПОЛИЦИЈАТА И ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА ВЕЧЕРВА ЗАТВОРААТ КАФУЛИЊА НИЗ СКОПЈЕ КОИ РАБОТАТ ПОСЛЕ 21 ЧАСОТ

    ПОЛИЦИЈАТА И ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА ВЕЧЕРВА ЗАТВОРААТ КАФУЛИЊА НИЗ СКОПЈЕ КОИ РАБОТАТ ПОСЛЕ 21 ЧАСОТСтанува збор за познати кафулиња во центарот на градот кои и покрај забраната од Владата имаат гости и служат пијалоци и после 21 часот. Патроли во кафулињата во населбата Капиштец (Фото: СДК.МК)

    Полицијата заедно со Пазарната инспекција вечерва имаат акција низ Скопје за затворање на кафулиња кои работат и после 21 часот.

    Станува збор за познати кафулиња во центарот на градот кои и покрај забраната од Владата имаат гости и служат пијалоци и после 21 часот. Од Министерството за внатрешни работи и Пазарната инспекција за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека вечерва имаат контроли низ Скопје дали се почитуваат мерките за работното време.

    Владата во вторникот донесе одлука рестораните и кафулињата наместо до 23 часoт секој ден да работат до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Со новите мерки за борба против коронавирусот, забрането е и групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21 часот и се препорачува граѓаните да не се движат надвор доколку немаат важни и неопходни потреби.

    Денеска во земјава беа регистрирани нови 1.128 случаи на ковид-19, починаа 12 лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира