ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ СНИМА СО МОБИЛНИ КАМЕРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"Скопје,(МЕТА.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ СНИМА СО МОБИЛНИ КАМЕРИ

    Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли денеска го помовираа новиот мобилен систем за снимање со камери што ќе ги носат сообраќајните полицајци.

    Станува збор за заеднични пилот проект на ИЦИТАП – Одделот за правда на САД во Македонија и на Министерството за внатрешни работи.

    Неговата цел е, како што посочи министерот Чавков, да се обезбеди законитост во постапувањето на полицијата, да се отстранат пропустите во работата, потоа контрола на работењето на полициските службеници, од страна на нивните претпоставени, превенирање на злоупотреби и корупција како и утврдување на основаноста на поплаките од граѓаните.

    – Довербата на јавноста во полицијата како јавен сервис на граѓаните несомнено зависи од перцепцијата, односно во која мерка полициските службеници со своето постапување ги почитуваат човековите права и слободи и подеднакво ги штитат нивните интереси. Уверен сум дека ваквиот партнерски однос во кој полицијата применува модерен начин на делување преку одговорност и транспарентност во вршењето на полициските работи заедно со граѓаните, ќе придонесе за комплетна поддршка и доверба од јавноста – рече Чавков на денешната прес-конфереција по повод промоцијата на проектот.

    Донацијата е во вредност од 65.000 американски долари, а веќе е започната и обуката на полицајците, која треба да заврши до крајот на овој месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира