ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ 25 ЛИЦА И УПОТРЕБИ СОЛЗАВЕЦ ЗА ДА СПРЕЧИ УПАД ВО СОБРАНИЕТО, ВЕЛАТ ОД МВР

    ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ 25 ЛИЦА И УПОТРЕБИ СОЛЗАВЕЦ ЗА ДА СПРЕЧИ УПАД ВО СОБРАНИЕТО, ВЕЛАТ ОД МВРОд МВР велат дека досега СЕ приведени 25 лица за насилствата пред Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата употреби солзавец на протестите со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека досега се приведени 25 лица кои учествувале во нередите пред Собранието.

    Демонстрациите беа поради договорот со Грција за конечно решавање на спорот за името, кој денеска во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

    Во Ургентниот центар се примени 11 лица со полесни повредни, односно 8 полицајци и тројца граѓани.

    „Во текот на протестот пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Поради тоа полицијата реагираше согласно процедурите употребувајќи солзавец“, велат од МВР.

    Од МВР велат дека го почитуваат правото на мирен протест, но нема да дозволат употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира