ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ 12-ЧЛЕНА НАРКО-ГРУПА ОД СКОПЈЕ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЕЦ

    ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ 12-ЧЛЕНА НАРКО-ГРУПА ОД СКОПЈЕ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЕЦТри лица се во бегство (Фото:МВР)

    По повеќемесечно криминалистичко истражување, на чело со јавен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, полицијата од Одделот за организиран криминал уапси повеќечлена организирана криминална група која продавала дрога.

    Целата група ќе оди во притвор.

    Според прибраните и документирани докази во текот на истражувањето утврдено било дека групата е формирана со цел стекнување на противправна имотна корист, има строго утврдена хиерархија и структура и се занимава со продажба на наркотична дрога и оружје.

    „Членовите на групата подолг временски период извршуваат кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од член 215 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик. Во текот на денешната акција постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации во Скопје и притоа се одземени материјални докази што ќе бидат испратени на вештачење. Од слобода се лишени 12 лица од 19 до 47 години меѓу кои и една жена и еден полициски службеник, а се трага по три лица кои во моментов се недостапни за органите на прогонот“, соопшти Обвинителството.

    Ценејќи дека се исполнети условите за одредување на мерката притвор, обвинителот ќе му предложи на Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да ја определи за сите осомничени лица.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира