ПОЛИЦИЈАТА ВО ТЕТОВО ПОТВРДИ ДЕКА ДЕВОЈЧЕ СЕ УДАВИЛО ВО ВАРДАР БЕГАЈЌИ ОД КУЧЕ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО НАРЕДИ ОБДУКЦИЈА

    ПОЛИЦИЈАТА ВО ТЕТОВО ПОТВРДИ ДЕКА ДЕВОЈЧЕ СЕ УДАВИЛО ВО ВАРДАР БЕГАЈЌИ ОД КУЧЕ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО НАРЕДИ ОБДУКЦИЈАСВР Тетово го потврди пишувањето на повеќе локални медиуми за смртта на 17-годишното девојче од селото Здуње - (Фото: СДК.МК)

    СВР Тетово потврдува дека 17 годишно девојче од Гостиварско паднало во реката Вардар откако било нападнато од куче скитник.

    Настанот се случил вчеравечер околу 19 часот во близина на гостиварската болница. Девојчето, додека се движело по кејот на реката Врадар, било нападнато од куче скитник а во обидот да се одбрани најверојатно изгубило равнотежа и паднало во реката.

    Потрагата по девојчето траела три часа и во неа биле вклучени жители на Гостивар и околните места како и полициски службеници. Телото на девојчето околу 22 часот било пронајдено од жители на селото Балин дол.

    Според првичните информации, девојчето е од гостиварското село Здуње.

    Основното јавно обвинителство Гостивар утрово даде наредба за обдукција на телото на 17-годишна девојка.

    „Безживотното тело беше пронајдено доцна синоќа околу шест километри низводно по течението на Вардар, во близина на селото Балин Дол. Идентификацијата на телото ја извршија членови на семејството на сега починатата. Јавниот обвинител изврши увид и на местото на кое девојката паднала во реката и на местото каде што беше пронајдено нејзиното тело. Беше земен исказ од сведоци со цел да се утврдат точните факти за настанот“, велат од Обвинителството.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира