Управниот суд во состав на судијките: Ељмедине Асани, Виолета Богојеска и Имсале Хасани, ја поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет, како незаконска, потврди за САКАМАДАКАЖАМ.МК претседателот на судот Бурим Сејдини.
Со оваа пресуда, по која никој нема право на жалба, Дамева се враќа на местото претседател на Судскиот совет, на кое по незаконското разрешување, членовите го избраа Сашко Георгиев.
Тој сега ќе мора да ѝ го отстапи местото на Дамева, да го доврши претседателскиот мандат, до 2025 година.
Тогашниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми на седница на 26 април поднесе барање за разрешување на претседателката Дамева, како што кажа тогаш, поради нарушени човечки односи во Судскиот совет.
Адеми со седум гласа ја разреши Дамева, узурпирајќи го нејзиното место и функција.
- ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ВЕСНА ДАМЕВА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ДО СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ЗА НЕЈЗИНОТО РАЗРЕШУВАЊЕ
- СУДСКИОТ СОВЕТ СЕ ЗАКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ГИ ПУШТИ НОВИНАРИТЕ, НА ТАЈНА СЕДНИЦА ПОВТОРНО ЈА РАЗРЕШИ ДАМЕВА И ПОТОА ГО ИЗБРА ГЕОРГИЕВ ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ
- ГРУПАТА ВО СУДСКИОТ СОВЕТ КОЈА ВЧЕРА НЕЗАКОНСКИ ЈА РАЗРЕШИ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДАМЕВА, СЕГА ГИ УБЕДУВА ОСТАНАТИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ГЛАСААТ ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗАШТО НЕМА МНОЗИНСТВО
- ПО НЕЗАКОНСКОТО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДАМЕВА, НЕЈЗИНИОТ ЗАМЕНИК ВО СУДСКИОТ СОВЕТ АДЕМИ ДЕНЕСКА ИТНО ЌЕ БИРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ
- РАЗРЕШЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ДАМЕВА, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ АДЕМИ САМ ГО СТАВИ ПРЕДЛОГОТ НА ГЛАСАЊЕ
- ВОЈНА ВО СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ, СЕ СОБИРААТ ГЛАСОВИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ВЕСНА ДАМЕВА АКО ГО СТАВИ НА ДНЕВЕН РЕД БАРАЊЕТО ЗА НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ ЗА „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“
Сите домашни и меѓународни фактори кои ја следат работата на Судскиот совет алармираа дека Адеми ја разреши Дамева вон законот, со пуч и без процедура, по што таа поднесе тужба до Управниот суд и кривична пријава до Скопското обвинителство.
По овој скандал, двајца судии си поднесоа оставка на функциите членови на Судскиот совет.
С. К. ДЕЛЕВСКА