ПОНУДИТЕ ЗА ЈАГЛЕН ЗА РЕК БИТОЛА ГИ ИСПОЛНУВААТ БАРАНИТЕ КОЛИЧИНИ, ВЕЛАТ ОД ЕСМ ЗА ПОВТОРЕНИОТ ТЕНДЕР

    ПОНУДИТЕ ЗА ЈАГЛЕН ЗА РЕК БИТОЛА ГИ ИСПОЛНУВААТ БАРАНИТЕ КОЛИЧИНИ, ВЕЛАТ ОД ЕСМ ЗА ПОВТОРЕНИОТ ТЕНДЕРТендерот за јаглен за третиот блок на РЕК Битола беше за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. (Фото: СДК.МК)

    На повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК Битола се пријавија 9 компании и понудите ги исполнуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен, соопштија од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ). Овие количини се потребни за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции.

    Од ЕСМ велат дека понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудници, како и од фирми од Косово, Албанија, БиХ и од Турција.

    „Следува техничка евалуација, односно проверка дали понудениот јаглен ги задоволува минимум техничките карактеристики, по што ќе се прави економско-финансиска евалуација на понудите. Што се однесува до јагленот за ТЕЦ Осломеј од првиот повик за набавка, се очекува во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот на 300 илјади тони јаглен и да се потпише договор, по што веднаш ќе започне испораката со динамика предвидена во договорот“, се вели во соопштението.

    Од ЕСМ велат и дека се во постојана комуникација со Владата и со ТЕЦ Неготино со цел стартување на термоелектраната.

    Повик за јаглен за РЕК Битола имаше и минатиот месец, но понудите не ги исполнија целосно количините кои се бараа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира