Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по хармоничната средба денеска во Клубот на пратеници, се договориле пописот на населението и домаќинствата поради екот на пандемијата, од април да се одложи за септември. Дотогаш ќе си тече евидентирањето на нашите иселеници низ светот.
Како што изјави по средбата Мицкоски, се одлага и терминот за локални избори, па од првата, се преместува за втората половина на октомври годинава.
Заев прецизираше дека пописот ќе се одржи во периодот од петти до 30 септември, датумот допрва ќе се утврдува. Кажа дека со Мицкоски се договориле секој од нив да ги повика граѓаните да се попишуваат, да ја извршат таа своја должност.
Ќе се одделат кампањите за попис и за локални избори. Изборната кампања ќе почне од 30 септември натаму.
С. К. ДЕЛЕВСКА