ПОПИСОТ ПРОДОЛЖИ СО ПОСАКУВАНИОТ ИНТЕНЗИТЕТ, ДОСЕГА ПОПИШАНИ СЕ НАД 300 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

    ПОПИСОТ ПРОДОЛЖИ СО ПОСАКУВАНИОТ ИНТЕНЗИТЕТ, ДОСЕГА ПОПИШАНИ СЕ НАД 300 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКАОд ДЗС апелираат граѓаните да ги примат попишувачите во своите домови со доверба и почит и да ги дадат потребните податоци. (Фото: СДК.МК)

    Попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, соопшти Државниот завод за статистика, три дена откако оттаму рекоа дека се соочуваат со помали технички предизвици и прават технички усогласувања. Од ДЗС додаваат дека вчера до 20 часот се попишани 308.551 лице.

    „Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308 551 лице. Само вчера беа попишани 114 308 лица“, соопштија од ДЗС.

    Од ДЗС апелираат граѓаните да ги примат попишувачите во своите домови со доверба и почит и да ги дадат потребните податоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира