ПОРАДИ МАГЛА НЕ СЛЕТУВААТ АВИОНИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ ЗА МАЛМЕ И ИСТАНБУЛ

    ПОРАДИ МАГЛА НЕ СЛЕТУВААТ АВИОНИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ ЗА МАЛМЕ И ИСТАНБУЛСпоред податоците од аеродромските метеостаници, видливоста е од 200 метри. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево, поради густа магла пак нема слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и дел од летовите се откажани. После 16 часот не слета авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Летот од Меминген беше пренасочен кон Приштина, а од Баден Баден во Софија. Авионот на „Лот“ од Варшава исто ТАКА не успеа да слета на Скопскиот аеродром и се врати назад кон Полска.

    Досега се откажани летовите за Малме и Истанбул.

    Според податоците од аеродромските метеостаници, видливоста е од 200 метри. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје и утре ќе биде променливо облачно, наутро со магла и претежно тивко.

    Пореметувања на авиосообраќајот на скопскиот аеродром имаше и на 2 и 7 јануари кога заради густа магла беа откажани неколку летови.

    Поради конфигурацијата на теренот, Скопскиот аеродром е ограничен на Категорија 1 и не може да добие прекатегоризација во Категорија 2 со што би се намалиле минимумите за слетување при намалена видливост. Од Министерството за транспорт и врски велат дека ограничувањата за слетување при намалена видливост не се поради неесоодветна опрема, туку поради теренот каде што се наоѓа аеродромот во Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира