ПОРАДИ МАГЛА ПОВТОРНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЛЕТОВИТЕ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, АВИОНИТЕ СЕ ПРЕНАСОЧУВААТ КОН СОФИЈА И ПРИШТИНА

    ПОРАДИ МАГЛА ПОВТОРНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЛЕТОВИТЕ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, АВИОНИТЕ СЕ ПРЕНАСОЧУВААТ КОН СОФИЈА И ПРИШТИНАНа аеродромот слета само авионот на „Визер“ од Бремен во 11.20 часот, а останатите авиони поради густата магла не можеа да слетаат.(Фото: СДК.МК)

    Поради магла од утрово нема слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје. На аеродромот слета само авионот на „Визер“ од Бремен во 11.20 часот, а останатите авиони поради густата магла не можеа да слетаат.

    Авионите на скопската база на „Визер“ кои околу пладне требаше да слетаат во Скопје, за потоа да летнат кон други дестинации, по неколку обиди за слетување беа пренасочени. Авионот од Базел беше пренасочен кон аеродромот во Софија, а од Хамбург и Дортмунд  во Приштина.

    Беа откажани и двата утрински лета од Истанбул на „Туркиш ерлајнс“ и на „Пегасус“ и презакажани за во 13 часот.

    Поради маглата неизвесно е како ќе се одвива сообраќајот до крајот на денот.

    Пореметувања на авиосообраќајот на скопскиот аеродром имаше и на 2 јануари кога заради густа магла беа откажани неколку летови. Тогаш редот на летање се стабилизираше после 15.00 часот.

     

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира