ПОРАДИ РАСПРАВА ЗА БУЏЕТОТ, СОБРАНИЕТО ЌЕ ГЛАСА НОВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ДУРИ ПРЕД НОВА ГОДИНА

    ПОРАДИ РАСПРАВА ЗА БУЏЕТОТ, СОБРАНИЕТО ЌЕ ГЛАСА НОВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ДУРИ ПРЕД НОВА ГОДИНАРаспправата за буџетот почнува в понедленик и тогаш Собранието нема други седници - премиерот Заев го гушка министерот за финансии Драган Тевдовски кој примаше честитки оти пред неколку дена му се роди трета ќерка (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратениците на денешната расправа не стигнаа да гласаат за изборот на Љубомир Јовевски за нов обвинител.

    Собранието за избор на нов државен јавен обвинител ќе гласа после донесување на Буџетот за 2018 година. Гласањето за изборот на Јовевски за обвинител, на дневен ред на Собранието може да се стави дури околу 20 декември, бидејќи од понеделник, 27 ноември,  почнува расправата за Буџетот за 2018 година.

    Според собранискиот Деловник, кога се расправа за Буџетот, Собранието не држи седници, туку работат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Според Деловникот, целата процедура за донесување на Буџетот треба да заврши за околу 20 дена.

    Извори од парламентарното мнозинство за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека ваквата ситуација  во Собранието, да се мачи да обезбеди кворум за работа не е само поради тенкото мнозинство од 62 пратеници, туку и поради различните интереси на партнерите во владејачката коалицијата. Како дополнителен проблем е и тивкиот бојкот поради одолговлекувањето на мини реконструкцијата на Владата, после  изборот за градоначалници на Арбен Таравари, кој беше министер за здравство, Рамиз Мерко, министер без ресор и Висар Ганиу, заменик министер за образование. Нивните места уште не се пополнети.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира