ПОРАДИ „СОМНИТЕЛНИ ТЕРОРИСТИЧКИ МУАБЕТИ“ АВИОН ОД ЉУБЉАНА ЗА ЛОНДОН ИТНО ЕВАКУИРАН ВО КЕЛН

    ПОРАДИ „СОМНИТЕЛНИ ТЕРОРИСТИЧКИ МУАБЕТИ“ АВИОН ОД ЉУБЉАНА ЗА ЛОНДОН ИТНО ЕВАКУИРАН ВО КЕЛНВистинска драма имало меѓу патниците оти биле евакуирани на самата писта преку тобоганите за итна евакуација (Фото: Билд)

    Авион што летал на релација Љубљана – Лондон во саботата вечер итно слетал на аеродромот Келн-Бон во Германија, откако на пилотот му предочиле дека тројца од патниците се однесувале сомнително, објави германската полиција.

    Повеќе патници во авионот ги чуле тројцата мажи како муабетат за „терористички работи“ и ги пријавиле кај кабинскиот персонал, по што пилотот одлучил итно да слета.

    Авионот на нискобуџетната компанија Изиџет со 151 патник слетал на аеродромот Келн – Бон, при што патниците биле евакуирани преку тобоганите за итно напуштање на воздухопловот на самата писта. Потоа биле пренесени во транзитниот оддел, каде што сите биле испитувани, атројцата мажи биле задржани од полицијата.

    Полицијата уништила и еден ранец за кој никој од патниците не сакал да каже чиј е.

    За време на евакуацијата десет авиони што требало да слетаат биле пренасочени на блиските аеродроми, а повеќе од 20 полетувања биле задоценти.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира