ПОРАНЕШНАТА БУНТОВНА ПРАТЕНИЧКА НА СДСМ ЦВЕТАНКА ИВАНОВА ПРЕДЛОЖЕНА ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО

    ПОРАНЕШНАТА БУНТОВНА ПРАТЕНИЧКА НА СДСМ ЦВЕТАНКА ИВАНОВА ПРЕДЛОЖЕНА ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО Цветанка Иванова беше активна за време на протестите на Шарената револуција, како и за време на објавувањето на “бомбите“ од лидерот на СДСМ Зоран Заев (архивска фотографија)

    Поранешната пратеничка  на СДСМ Цветанка Иванова, денеска на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата е предложена за генерален секретар на Собранието.

    Претходно Комисијата одлучи да го разреши досегашниот генерален секретар Жарко Денковски.

    Цветанка Иванова беше пратеник на СДСМ во периодот од 2002  до 2014 година како и координатор  на пратеничката група на СДСМ во 2010 година. Беше активна и за време на протетсите на Шарената револуција, како и за време на објавувањето на “бомбите“ од лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    Цветанка Иванова посебно предизвика внимание во јавноста во пратеничкиот  мандат во 2012 година, кога од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ беше обвинета дека Иванова ја нападнала и ѝ го скршила “ноктето“ за време на жестоката расправа на Собраниската Комисија за финансирање и буџет  во декември 2012 година. Тогаш за влакно се избегна тепачка меѓу  ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

    Тензијата меѓу пратениците се дигна, бидејќи  претседателката на Комисијата Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ не ѝ дозволи на Иванова да побара процедурално за начинот на водење на седницата. Пратениците на опозицијата(СДСМ) застанаа пред Дулиќ и ги исклучија микрофоните. После бурната комисиска седница, на 24 декември се случи “црниот понеделник“, кога пратениците на опозицијата и новинарите беа брутално исфрлени од собраниската сала за време на носењето на буџетот за 2013 година.

    Цветанка Иванова е член на СДСМ и е родена во Прилеп.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира