ПОРАНЕШНИТЕ ЕВРОПСКИ ДИПЛОМАТИ РОБЕРТСОН, СОЛАНА, ЛЕ РОА, ФОРМИРАА ГРУПА „ОХРИД“ ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО

    ПОРАНЕШНИТЕ  ЕВРОПСКИ ДИПЛОМАТИ РОБЕРТСОН, СОЛАНА, ЛЕ РОА, ФОРМИРАА ГРУПА „ОХРИД“ ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНИЈА  ЗА ВЛЕЗ ВО НАТОВо групата „Охрид“, покрај Џорџ Робертсон се и поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд и дипломатите Кристофер Гајд, Роберт Гелбард, Ален Ле Роа, Волфганг Ишингер, Дајмонд Вилсон и Зоран Чичак. Џорџ Робертсон и Зоран Заев на прес конференција во Клубот на пратеници (Фото:СДК.МК)

    Група пензионирани и искусни европски дипломати формираа работна група за поддршка на Македонија со името „Охрид“, беше објавено денеска во Скопје.

    „Формиравме група за поддршка на Република Македонија која ќе нѐсоветува и ќе дава поддршка за влез во НАТО“, изјави премиерот Зоран Заев.

    „Денеска сме тука заеднички да го објавиме формирањето на Група „Охрид“, која ќе дава поддршка за успешно завршување на процесот за влез на Македонија во Европската унија и во НАТО.  Групата  ја сочинуваат членови кои ставија печат со нивната дипломатска кариера и дадоа поддршка за изградба на демократска, стабилна и просперитетна држава. Тие се тука да го поддржат нашето членство во ЕУ и НАТО“,  рече премиерот Зоран Заев, на заедничката прес конференција со Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО.

    Групата „Охрид“ е неформална група создадена од членови со импресивен бекграунд, со различна политичка припадност.

    Во групата „Охрид“, покрај Џорџ Робертсон се и поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд и дипломатите Кристофер Гајд, Роберт Гелбард, Ален Ле Роа, Волфганг Ишингер, Дајмонд Вилсон и Зоран Чичак.

    Поранешниот генерален секретар на НАТО Робертсон, рече дека поминале 17 години отако последен пат се обратил на прес-конференција во Македонија,

    „Поминаа 17 години кога последен пат имав прес- конференција во Скопје. Но, тогаш бев во време кога Македонија се соочуваше со криза и беше на работ на граѓанска војна,  а земјата сега почнува да го трасира својот пат кон ЕУ и НАТО“, рече  Робертсон,  додавајќи дека името на Групата „Охрид“ е избрано, бидејќи тој град имал големо значење за земјата, бидејќи таму бил потпишан Охридскиот договор, но исто така тоа е и град заштитетн од УНЕСКО.

    Задача на новата група ќе биде да ги советува Владата и министирите, но ќе биде достапна и за опозицијата и претседателот на државата Ѓорге Иванов.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира