ПОСТАВЕНА МОНТАЖНА БОЛНИЦА ДО ДЕТСКА КЛИНИКА, ЗА ДА СЕ ИЗОЛИРААТ ИТНИТЕ СЛУЧАИ ОД ЗАКАЖАНИТЕ СО „МОЈ ТЕРМИН“

    ПОСТАВЕНА МОНТАЖНА БОЛНИЦА ДО ДЕТСКА КЛИНИКА, ЗА ДА СЕ ИЗОЛИРААТ ИТНИТЕ СЛУЧАИ ОД ЗАКАЖАНИТЕ СО „МОЈ ТЕРМИН“Во новопоставената монтажна општа амбуланта има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите. (Фото: Министерство за здравство)

    Поставена е монтажна општа амбуланта во состав на Клиниката за детски болести, како дел од активностите за враќање на редовно работење на дел од клиниките, а со цел заштита од евентуално ширење на ковид-19 кај најмладите пациенти, соопшти Министерството за здравство.

    Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем „Мој термин“. Овие деца досега беа прегледувани во амбулантите во зградата на Детската клиника, а поради  пандемијата со ковид-19, пациентите кои ќе доаѓаат на преглед, и физички ќе бидат дистанцирани од другите пациенти кои се закажани во „Мој термин“.

    Во новопоставената монтажна општа амбуланта има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите. Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира согласно сите стандарди за безбеден третман на пациентите. Монтажната амбуланта на Детската клиника е донација од „Македонски телеком“.

    „Од Клиниката за детски болести напоменуваат дека децата кои се сомнителни или се со симптоми на ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Болницата за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника“, додаваат од министерството.

    Министерството деновиве соопшти дека ќе се гради нов монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ. Веќе е поставена и опремена монтажната болница до Инфективнaта клиника.

    Во 16 општини во земјава ќе се формираат регионални ковид-центри во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, откако градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за нивно формирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира