ПОТЕГОТ НА МНОЗИНСТВОТО ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО СМЕТА ЗА ДРЖАВЕН УДАР, ПОРАЧА АНТОНИО МИЛОШОСКИ

    ПОТЕГОТ НА МНОЗИНСТВОТО ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО СМЕТА ЗА ДРЖАВЕН УДАР, ПОРАЧА АНТОНИО МИЛОШОСКИНа воведувањето паралелни институции, народот нема да седи и мирно да гледа како се кршат демократските принципи“, е пораката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски (Фото: Ѓ. Личовски)

    Најавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев за избор на собраниски спикер надвор од Собрание, ВМРО-ДПМНЕ ќе го смета за формирање на паралелни институции и за државен удар.

    “ Претседател на Собрание се бира во Парламент, претседател на држава  го бира народот, на Правен факултет се бира декан, во МАНУ се бира претседател на Академијата. На воведувањето паралелни институции, народот  нема да седи и мирно да гледа како се кршат демократските принципи“, е пораката  на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ  Антонијо Милошоски до лидерот на СДСМ.

    Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите демократски средства да спречи формирање на паралелни институции и одлучно ќе ги брани државните интереси.

    Тој одбегна да одговори дали е прифатлив предлогот на лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села да се оди на избори,   предходно Иванов да даде даде оставка, да се продолжи мандатот на СЈО, да се формира специјален суд.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференцијата во Собранието рече дека се отворени сите можности за мнозинството да го избере претседателот на Собранието. „Претседател на Собранието ќе биде избран или во собраниската сала, или во друга сала, на скалите, во амфитеатарот на Правниот факултет, во МАНУ, во Пелинце, во Крушево или во моја Струмица“, изјави Заев.

    Г. Трпеноски

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира