ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ МУХАМЕД ЗЕКИРИ И СЕМЕЈСТВОТО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ МУХАМЕД ЗЕКИРИ И СЕМЕЈСТВОТО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19Во четвртокот Зекири беше гостин во отвореното студио на Телевизија 24 заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. (Фото: СДК.МК)

    Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на КОВИД-19. Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека позитивни на коронавирус се и неговата сопруга и тримесечната ќерка.

    „И покрај тоа што имав минимален број на контакти, тестот покажа дека јас и моето семејство сме позитивни на КОВИД-19. Немам никакви симптоми. Жалам и се извинувам на сите со кои имав контакти изминативе неколку дена и можеби ненамерно ќе ги доведам во изолација“, напиша Зекири на Фејсбук.

    Во четвртокот, Зекири беше гостин во отвореното студио на Телевизија 24 заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

    Денеска во земјава регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19, починаа 2 лица.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира