ПОТВРДЕНИ 36 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ТРОЈЦА ПОЧИНАА, 18 СЕ ОЗДРАВЕНИ

    ПОТВРДЕНИ 36 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ТРОЈЦА ПОЧИНАА, 18 СЕ ОЗДРАВЕНИВо изминатото деноноќие направени се 437 теста. Преку ИЈЗ –230, преку Ветеринарен факултет -20 , Авицена –22 , Биотек – 35 и Филип Втори (Жан Митрев) –130 . Досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на КОВИД -19. (Фото: К. Попов)

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на Институтот за јавно здравје е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил позитивен на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

    Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

    Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1.

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.117, од кои 139 излечени и 49 починати.. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
    Скопје – 389
    Куманово – 310
    Дебар – 51
    Штип-32
    Прилеп –103
    Тетово – 48
    Струга – 53
    Велес – 43
    Битола –16
    Охрид –7
    Кавадарци – 4
    Гостивар –12
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-4
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 26
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -2

    Во изминатото деноноќие направени се 437 теста. Преку ИЈЗ –230, преку Ветеринарен факулттет -20 , Авицена –22 , Биотек – 35 и Филип Втори (Жан Митрев) –130 . Досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на КОВИД -19.

    На Инфективната клиника во Скопје примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 54. 18 пациенти се со на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

    Во Градската опѓта болница „8 Септември“ примени се 7 нови пациенти, од нив 1 веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно 7 пациенти.

    Во болницата во Битола се лекуваат 8 ковид позитивни пациенти, од кои 3 лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се 2 лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од 7 пациенти, 2 хоспитализирани и 5 кои се лекуваат во домашни услови.

    Во штипската болница се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира