ПОВРАТОТ НА ДДВ ЗА ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИ СЕ ЗГОЛЕМУВА НА 20 ОТСТО

    ПОВРАТОТ НА ДДВ ЗА ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИ СЕ ЗГОЛЕМУВА НА 20 ОТСТОСо оваа Уредба, како што кажжа министерката за финансии Ангеловска, ќе се стимулира купување на домашни производи, со што ќе се помогне на домашните компании. (Фото: К. Попов)

    Од 15 на 20 отсто се зголемува повратот на ДДВ од домашни производи при скенирање на фискални сметки. Министерката за финансии Нина Ангеловска, кажа дека на вчерашната владина седница била донесена Уредба за зголемување на повратот за домашни производи, а се намалува од 15 на 10 отсто повратот за странски производи.

    Со оваа Уредба ќе се стимулира купување на домашни производи, со што ќе се помогне на домашните компании.

    „На овој начин им помагаме на вработените во производствените капацитети, на угостителите, на занаетчиите да ги зачуваат работните места“, рече министерката Ангеловска.

    Ангеловска кажа дека нема промени во максималната висина на повратот што граѓаните можат да ја добијат односно таа останува 1.800 денари.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира