ПОВРЕДЕНИ СЕ 24 ЛИЦА, ДВАЈЦА СЕ В БОЛНИЦА, ИМАЛО 49 БЕГАЛЦИ ОД СИРИЈА ВО КАМИОНОТ ШТО ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ НА КЛУЧКАТА КАЈ МАРВИНЦИ

    ПОВРЕДЕНИ СЕ 24 ЛИЦА, ДВАЈЦА СЕ В БОЛНИЦА, ИМАЛО 49 БЕГАЛЦИ ОД СИРИЈА ВО КАМИОНОТ ШТО ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ НА КЛУЧКАТА КАЈ МАРВИНЦИПомош на повредените им дале екипи на Брза помош од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Неготино. (Фото: СДК.МК)

    Во вчерашната сообраќајна несреќа на клучката кај Марвинци повредени се 24 мигранти, а двајца со тешки повреди се задржани в болница. Несреќата се случи вчера околу 18 часот на регионалниот пат Гевгелија-Демир Капија, откако камион кој превезувал 49 мигранти излетал од патот, по што возачот избегал. Официјално, патниците биле од Сирија.

    Во давањето на здравствена помош на повредените учествувале екипи на итната помош од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Неготино.

    „После 19 часот во Општа Болница Гевгелија во неколку наврати донесени се повредени лица во сообраќајна несреќа. Тие се примени на Хируршкото одделение. Вкупно се згрижени 24 лица, со различен тип и тежина на повреди. По направените прегледи, РТГ снимања и други испитувања, констатирано е дека полесни телесни повреди добиле 22 лица. Тоа се со површински рани, контузии и по санацијата на нивните повреди се префрлени во Транзинтен центар ‘Винојуг’ со препорака за дополнителни опсервации и контроли. Две лица со тешки телесни повреди се препратени до Ургентниот клинички центар во Скопје. Едното лице со повреди на граден кош е здржано таму, додека другото лице со повреди на торакален пршлен е вратен во болницата во Гевгелија, со препорака за натамошен хоспитален третман на Хируршкото одделение“, кажа д-р Митко Крџов, директор на Општа болница Гевгелија.

    Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира