ПОЖАР НА ВОДНО, ЧЕТВОРИЦА СЕ ИСПИТУВААТ ДАЛИ ГО ПОДМЕТНАЛЕ

    ПОЖАР НА ВОДНО, ЧЕТВОРИЦА СЕ ИСПИТУВААТ ДАЛИ ГО ПОДМЕТНАЛЕСпоред информациите од ЈП „Паркови и зеленило“, пожарот на Водно е ставен под контрола и за кусо време ќе биде изгаснат. (Фото: СДК.МК)

    Пожар денеска го зафати Водно. Пожарот избувнал по 14 часот десно од крстот и гори сува треба и дел од шумата. Пожарот се проширил и кон резервоарот за вода. Според информациите од ЈП „Паркови и зеленило“, пожарот е ставен под контрола и за кусо време ќе биде изгаснат. На терен се возила од противпожарната бригада на Скопје.

    Дознаваме дека на местото на пожарот биле затекнати 4 лица, кои сега се испитуваат дали го подметнале пожарот или случајно се нашле таму.
    Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив во 15 часот стигнала пријава за пожар на Водно и во моментов нивни екипи се на терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира