ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ УБИЈА ОД РАБОТА, АЛАРМАНТЕН Е БРОЈОТ НА ПОЖАРИ, РЕЧЕ АНГЕЛОВ ОД ЦУК

    ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ УБИЈА ОД РАБОТА, АЛАРМАНТЕН Е БРОЈОТ НА ПОЖАРИ, РЕЧЕ АНГЕЛОВ ОД ЦУКВчера имало 40 пожари на отворен простои, од нив 25 се изгаснати, 6 се под контрола, а 9 денеска се активни. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бројот на пожари во земјава е алармантен, пожарникарите се при крај на силите и со ова темпо на палење, се поставува прашањето што понатаму, рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

    Вчера имало 40 пожари на отворен простои, од нив 25 се изгаснати, 6 се под контрола, а 9 денеска се активни. Најтежок е пожарот на територијата на Општина Македонски Брод, кој вчера стигна до ловиштето „Јасен“.

    „Скопските пожарникари имаат полни раце со работа, се убија од работа, секојдневно гасат голем број на пожари. Само во Студеничани вчера имаше 4, во Гази Баба 4, еден во Арачиново. Ресурсите се трошат, пожарникарите се при крајот на силире и се поставува прашањето што со ова темпо доколку граѓаните продолжат да палат намерно или ненамерно. Нашите сили се при крај, а и помошта од странство исто така е намалена“, апелираше  Ангелов.

    Тој додаде дека најголем дел од пожарите се подметнати и затоа апелира до граѓаните ако забележат сомнително лице во близина на шуми, да се јават на бројот 112.

    Министерството за внатрешни работи (МВР) од 6 август со дронови следи движење по шумите кое е забрането од 15 јули, ненамерно предизвикување пожар поради несовесност и намерно подметнување пожари.

    „Со воведувањето на овие оперативни мерки, се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку и детектирање на можните причини или причинители“, вели МВР.

    Jавноста бара МВР против сторителите да поднесува кривични пријави до Обвинителството по најстрогите затворски казни пропишани во Кривичниот законик.

    Од Обвинителството велат дека проблемот се доказите. Ако полицијата има докази, видеоснимки или сведоци дека сторителот намерно подметнал пожар и предизвикал огромна штета, сигурно ќе поднесе пријава по најстрогите пропишани норми. Натаму Обвинителството ќе истражи и ќе поднесе најстрого обвинение за случаите со намерното предизвикување на пожари. Ако обвинителот поднесе обвинение со најстроги казни, а за нив има слаби докази, таквото обвинение ќе падне пред суд.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира