ПОЖАРОТ НАД КУЧКОВО УШТЕ Е АКТИВЕН, СЕ ГАСИ И СО АВИОНИ

    ПОЖАРОТ НАД КУЧКОВО УШТЕ Е АКТИВЕН, СЕ ГАСИ И СО АВИОНИСтанува збор за непристапен терен, а пожарот и лесно се шири - (аматерска фотографија од ридот над Кучково)

    Гори борова шума над скопското село Кучково, а според информациите од Центарот за управување со кризи и покрај тоа што екипи од повеќе служби се на терен и го гаснат огнот, пожарот уште е активен.

    „Во гасење на пожарот учествува противпожарната бригата на град Скопје, екипи од шумското стопанство Караџица, припадници на Министерството за внатрешни работи, а се интервенира и со авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот е уште активен“, вели Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи.

    Станува збор за непристапен терен, а пожарот и лесно се шири.

    „Засега немаме прецизна информација колкава површина е опожарена“, изјави В’чкова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира