ПРАТЕНИКОТ ВЕСЕЛ МЕМЕДИ КОЈ СВЕДОЧЕШЕ ВО СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА 27 АПРИЛ НЕ Е ВЕЌЕ НИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НИ ПРАТЕНИК

    ПРАТЕНИКОТ ВЕСЕЛ МЕМЕДИ КОЈ СВЕДОЧЕШЕ ВО СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА 27 АПРИЛ НЕ Е ВЕЌЕ НИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НИ ПРАТЕНИКНа местото на Весел Мемеди доаѓа поранешната заменичка-министер за надворешни работи Арта Точи од Алијанса за Албанците на Зијадин Села (Фото:СДК.МК)

    Весел Мемеди од НДП повеќе не е пратеник. Денеска Собранието му ја прифатија оствката што си ја поднесе на пред владината реконструкција, со обвинувања кон премиерот Зоран Заев дека не го консултирал пред да одлучи да му го земе ресорот Министерство за локална самоуправа.

    Со прифатената оставка, Собранието сега остана и без четвртиот потпретседател.

    Весел Мемеди беше сведок во големиот судски процес за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година. Првин му беше запленет мобилниот телефон заради вибер порака во кој пишува дека пеењето на химната на албански јазик е сценарио. Откако во Обвинителството за организиран криминал објаснил зошто мислел дека е сценарио, Мемеди се појави како сведок во судскиот процес на нападот на Собранието.

    Мемеди денеска ја образложи оставката и потенцираше дека оваа одлука не се должи на негова моментална реакција по реконструкцијата на Владата, туку дека за тоа има многу подлабоки причини. Мемеди го обвини Ахмети во врска со помирувањето во Исламската верска заедница, рече дека би можел да наброи други случаи како Кондово, криминалните групи и слично, но оти нема да го стори тоа.

    Пред да му биде констатирана оставката, Мемеди му се обрати и на Заев.

    „Методот и сценариото, кои ги употребивте кон албанските коалициски партнери, и конкретно кон нашите кадри и функционери, кои можат да ви го потврдат со факти и аргументи, посебно кон министерот Фазлиу, со ангажирање на финансиската полиција и политичкото искористување на Антикорупциската комисија, и некои резервни портали на кои им давате специјални задачи, во координација со ваш близок соработник, државниот секретар Парталов, за нас се познати удбашки методи што ги применуваат еден дел од старите удбаши, кои држат високи позиции во партијата на СДСМ и ВМРО“, рече Мемеди.

    Собранието на оваа седница го верификуваше мандатот на новата пратеничка Александра Цветковска, на местото на Горан Милевски од ЛДП, кој стана министер за локална самоуправа, на местото на НДП.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари