ВЕЉАНОСКИ ГИ СКОКНА АРТАН И ЏЕВАД, ГО ПУШТИ ДА ПЕЕ АЛБАНСКА ХИМНА ПРАТЕНИКОТ ОД БЕСА, А СТЕВАНАНЏИЈА ВИКАШЕ „ТИШИНА, ТИШИНА!“ ЗА ДА СЕ ЧУЕ НАДВОР, СВЕДОЧЕШЕ ВЕСЕЛ МЕМЕДИ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    ВЕЉАНОСКИ ГИ СКОКНА АРТАН И ЏЕВАД, ГО ПУШТИ ДА ПЕЕ АЛБАНСКА ХИМНА ПРАТЕНИКОТ ОД БЕСА, А СТЕВАНАНЏИЈА ВИКАШЕ „ТИШИНА, ТИШИНА!“ ЗА ДА СЕ ЧУЕ НАДВОР, СВЕДОЧЕШЕ ВЕСЕЛ МЕМЕДИ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ„Пратеникот Димитар Стевананџија и колегите од ВМРО-ДПМНЕ станаа и ни викаа 'Тишина, Тишина!', за да може уште поубаво да се слуша и надвор албанската химна што почна да ја пее Ибраими. Прашајте ме и по 30 години, јас ќе тврдам: Ова беше сценарио. Добро планирано сценарио“, рече пратеникот Весел Мемеди во сведочењето на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017; - Мемеди (во средина) на собрансика седница (Фото: СДК.МК)

     

    Пратеникот од Национална демократска преродба Весел Мемеди, кој денеска сведочеше на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, прв од досега сослушаните сведоци го спомна уделот на тогашниот собраниски претседавач Трајко Вељаноски во главната причина и мотив разулавената толпа да влезе во Собранието, тешко да повреди пратеници, новинари и полиција и да го искрши Собранието.

    „Пред да биде избран за претседател на Собранието Талат Џафери, пратениците од ДУИ Артан Груби и Џевад Адеми побараа збор. Претседавачот Трајко Вељаноски ги игнорира нив и му дава збор на пратеникот од Беса Зекирија Ибраими, кој после нив стиска копче. Пратеникот Димитар Стевананџија и колегите од ВМРО-ДПМНЕ станаа и ни викаа ‘Тишина, Тишина!’, за да може уште поубаво да се слуша и надвор албанската химна што почна да ја пее Ибраими. Прашајте ме и по 30 години, јас ќе тврдам: Ова беше сценарио. Добро планирано сценарио“, рече Мемеди.

    Тој рече дека потоа заедно со мнзинството се упатиле кон прес-салата на Собранието. За 5 минути на екран видовме влезе толпата во пленарната сала, сведочеше Мемеди.

    „Жени, вадете штиклите. Мажи, извадете ги краватите. Овде нешто страшно ќе се случи. Оставени сме сами на себе“, сугерирал тој.

    Кога влегла толпата, Мемеди не се исплашил, но кога ги видел фантомките, да.

    „Се исплашив кога го видов ова лице, ќелавиот крупен човек кој тогаш имаше брада. Одеше и брефташе, вуф, вуф, вуф. На глас. Носеше пиштол во половината. Од него се исплашив“, рече Мемеди и покажа кон Игор Југ, еден од 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, дека бил вооружениот човек.

    Тој рече дека потоа го оттргнувал Стево Пендаровски од некого што фатил да го влече внатре во центарот на насилствата. Стево им викал: „Немојте, немојте луѓе!“.

    Пред Мемеди денеска сведочеше и ексминистерот за здравство Никола Тодоров, а треба да сведочат и Зоран Заев и Оливер Спасовски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира