ПРАТЕНИЦИТЕ ГО РАТИФИКУВАА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

    ПРАТЕНИЦИТЕ ГО РАТИФИКУВАА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТОПретседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски се обраќа на пратениците пред гласањето на законот за ратификација - (Фото: К. Попов)

    Собранието го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

    За ратификацијата гласаа „за“ 114 пратеници. Немаше против и воздржани.

    Ратификацијата на Протоколот е со одложено дејство односно ќе стапи на сила откако ќе биде ратификуван од шпанскиот Парламент. Шпанија е последната од 29 земји членки кои досега го немаат ратификувано Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

    На свечената седница во Собранието говореа претседателот Стево Пендаровски и координаторите на политичките партии кои се дел од овој парламентарен состав.Беа присутни лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари