ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ РАСПРАВААТ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, А ЗА ТОА СЕ СОБРАНИ

    ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ РАСПРАВААТ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, А ЗА ТОА СЕ СОБРАНИПратениците на ВМРО-ДПМНЕ го повторија предлогот предвремените парламнетарни избори да се одржат заедно со локалните и пак се задржаа во дискусиите на таканаречената тиранска платформа-Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова(Фото:СДК.МК)

    Пратениците и на денешна расправа се расправаа кој имал повеќе процедурални забелешки отколку реплики, a не расправаа за тоа што е на дневен ред – избор на собраниска Комисија за избори и именувања по што треба да се избере и претседател на Собранието.

    Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски, повеќе пати на пратениците им ја читаше точката на дневен ред.

    “ Денеска е петти ден, има пријавено 50 пратеници за збор, поминати се само двајца, а процедурални забелешки имаше преку 100. Ве молам да се придржувате на дневниот ред, но ваше право е да имате реплики и контрареплики“ , рече Вељаноски.

    Вељаноски им ги исклучи микрофоните на двајца пратеници од СДСМ бидејќи нивните дискусии не биле реплики, туку процедурални забелешки.

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пак го повторија предлогот предвремените парламентарни избори да се одржат заедно со локалните и зборуваа за таканаречената тиранска платформа, а СДСМ продолжи со обвинувањата дека Вељаноски го крши Деловникот, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ намерно ја  блокираат рабоатата со бројните непотребни реплики.

    Пратениците од албанските партии, пак, повторија дека платформата воопшто не е тиранска, туку е нивен заеднички документ кој е направен дома.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира