ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ДА НЕ ПРАВАТ ОПСТРУКЦИИ, ПОРАЧА ХАН ПО СРЕДБАТА СО ТАЛАТ

    ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ДА НЕ ПРАВАТ ОПСТРУКЦИИ, ПОРАЧА ХАН ПО СРЕДБАТА СО ТАЛАТПретседателот на Собранието Талат Џафери денеска е во Брисел на средби со високи функционери од ЕУ и Европскиот парламент. - Џафери и Хан (Фото: Твитер)

    Еврокомесарот Јоханес Хан предупреди дека какво било повторување на намерниот напад на пратениците и новинарите во Собранието ќе ја загрози европската перспектива на Македонија и им порача на сите пратеници, посебно на опозициските, да играат конструктивна улога и да не прават опструкции по денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери во Брисел, соопшти Европската комисија.

    Комесарот за соседска политика и проширување изрази подготвеност да соработува со Џафери за напредок на агендата со ЕУ реформите, вклучувајќи го Договорот од Пржино и Итните реформски приоритети.
    „Парламентот сега мора да работи непречено. Сите пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, треба да играат конструктивна улога, место да прават опструкции и сите актери мора да се воздржат од провокативни изјави и дејствија“, се вели во соопштението на Европската комисија.

    Според Хан, фокусот сега треба да биде на следните чекори од процесот на формирање влада со почитување на парламентарното мнозинство во согласност со Уставот и демократските принципи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира