ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ЗАЕДНО ПРАВАТ ЕТИЧКИ КОДЕКС ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ВО СОБРАНИЕТО

    ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ЗАЕДНО ПРАВАТ ЕТИЧКИ КОДЕКС ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ВО СОБРАНИЕТОПретседателот на Собранието Талат Џафери рече дека документот е во нацрт верзија и со него очекува Собранието да биде функционално, да се воспостават етички норми, стандарди и правила без разлика кој е на власт или во опозиција. (Фото: СДК.МК)

    Работни групи на пратениците и од власта и од опозицијата во Собранието работат на изработка на етички кодекс за пратениците. Етичкиот кодекс има за цел да ја зајакне етиката, однесувањето на пратениците и да ја зголеми довербата во Парламентот како носител на законодавната власт.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека документот е во нацрт верзија и со него очекува Собранието да биде функционално, да се воспостават етички норми, стандарди и правила без разлика кој е на власт или во опозиција.

    „Градењето на парламентарната демократија никогаш не е лесна задача. Понекогаш се случуваат и настани за кои посакуваме никогаш да не се случеле или пак настани поради кои домашната јавност и меѓународната заедница го вперуваат прстот кон нас“, рече претседателот Џафери на денешната дебата во Собранието.

    Џафери потенцираше дека уште на почетокот на мандатот како претседател на Собранието, изјавил дека нема да дозволи да се повторат негативните случки од минатото и оти сега државата се вратила на вистинските демократски процеси.

    Според етичкиот експерт во француското Собрание, Фердинанд Сукраманен, парламентарната етика треба да се заснова на четири принципи и тоа доверба меѓу пратениците, нивните постапки надвор од Собранието, надоместоците за нив од надвор и контролата на трошоците на пратениците.

    „Парламентарната етика е основа за создавање доверба во Собранието. Таа треба да содржи каква било изјава на пратеникот, анкетниот лист, неговите врски со бизнисот, приватните интереси. Во Франција постои принцип за секој подарок над 150 евра, пратеникот треба да се консултира со тие од собраниската етика. Патните трошоци за пратениците да се плаќаат на независна сметка, така што нивната контрола да е полесна. За секој трошок, дури и приватен, но од јавен интерес, пратеникот треба да се консултираат со одговорните за етиката со цел да се преземаат превентивни мерки за евентуалните злоупотреби“, рече експертот во француското Собрание, Фердинанд Сукраманен.

    Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние рече дека пратениците и претседателот на Собранието треба самите да го најдат начинот на етичко однесување.

    „Мора сами да го најдете начинот на етичко однесување. Мнозинството и опозицијата мора да играат конструктивна улога и заеднички да го подготват етичкиот парламентарен кодекс. Нашата практика може да се земе како инспирација“, рече Тимоние.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира