ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ПРИТВОРЕНИ СОГЛАСНО УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ, УТВРДИ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ПОСТАПУВАЈЌИ ПО ПРЕТСТАВКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

    ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ПРИТВОРЕНИ СОГЛАСНО УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ, УТВРДИ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ПОСТАПУВАЈЌИ ПО ПРЕТСТАВКАТА НА ВМРО-ДПМНЕХелсиншкиот комитет вели дека не може со сигурност да утврди дали на пратениците неосновано им се ставени лисици само со цел тие да се омаловажат и понижат. - Пратеникот Крсто Мукоски пристигнува во Основниот суд Скопје 1 на 28 ноември (Фото: СДК.МК)

    Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека спровел постапка по претставка поднесена од пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за нивните приведени колеги и не констатирал кршење на процедурите пропишани со Уставот и законите, во врска со приведувањето и притворањето на шестмината пратеници осомничени за настаните од 27 април.

    „Согласно надлежностите, Хелсиншкиот комитет се обрати до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во врска со самата постапка за определување на мерката притвор за групата пратеници – подносители на претставката, Комитетот утврди дека постапката пропишана според Уставот на РМ, Деловникот на Собранието на РМ и Законот за кривична постапка во врска со определување на мерката притвор и одземањето на имунитетот на пратениците е испочитувана од страна на надлежните институции“, се вели во соопштението.

    Хелсиншкиот комитет утврди и дека судијата правилно постапил кога првин издал наредба за приведување на пратениците и дека Комитет не може со сигурност да утврди дали на пратениците неосновано им се ставени лисици само со цел тие да се омаловажат и понижат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира