ПРАТЕНИЦИТЕ МУКОСКИ, ТАРЧУЛОВСКИ И ПЕШЕВСКА ДОЈДОА НА РАСПИТ ВО СУДОТ

    ПРАТЕНИЦИТЕ МУКОСКИ, ТАРЧУЛОВСКИ И ПЕШЕВСКА ДОЈДОА НА РАСПИТ ВО СУДОТПратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска утринава пристигнаа во Основниот суд Скопје 1 на распит кај судија на претходна постапка. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска утринава дојдоа во Основниот суд Скопје 1 да дадат исказ пред судија на претходна постапка по што треба да се одлучи дали ќе добијат мерка притвор, како што бара Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Мукоски, Тарчуловски и Пешевска се дел од групата од шестмина пратеници, осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април. Минималната казна за ова кривично дело е 10 години.

    На 1 декември, Собранието со мнозинство гласови „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски (66 гласа „за“), Крсто Мукоски (67), Љубен Арнаудов (66), Сашо Василевски (67), Жаклина Пешевска (66) и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски (67) на денешната седница. Барањето беше поднесено од надлежниот орган – Основен суд Скопје 1, Одделение за организиран криминал и корупција.

    Пратеничката Пешевска дојде пред судот со семејството, а таму се неколкумина други опозициски пратеници, како Зоран Илиоски и Крсто Јовановски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира