ПРЕД ИЗБОРИ ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ ЗА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:368:"ЗаразликаодадминистрацијатаистручнатаслужбанаОбвинителството,нивнитеколегиодсудството,коипротестираапреднеполнмесец,меѓудругото,барајќизголемувањенаплатитенедобијапокачување";s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКААЖАМ.МК)

    ПРЕД ИЗБОРИ ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ ЗА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ

    Судиите и обвинителите во Македонија, пред избори добија покачување на платите за 35 отсто. Така, просечната плата на судиите, која изнесува над 1.000 евра, сега ќе скокне на околу 1.400 евра. Малку пониска ќе биде просечната плата на обвинителите.
    Зголемувањето на платите на судиите кои треба да го судат криминалот во власта и воопшто во државата, на управните судии кои треба да одлучуваат за изборни нерегуларности, како и на граѓанските судии кои судат за клевета и навреда, го потпишал со подзаконски акт на Судскиот совет, претседателот Бранко Ушковски. Нему 6-годишниот мандат во Советот му завршува утре. Одлуката, ја потпишал пред неколку дена.
    Одлуката за зголемување на платите на оние кои треба да го гонат криминалот и организираниот криминал во Македонија, обвинителите, ја потпишал Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Обвинителите веќе примиле зголемена плата. Зголемување добила и администрацијата во обвинителството. Во Советот на јавните обвинители ни ја потврдија информацијата за покачувањето на платите во Обвинителството, иако ни рекоа дека парите не се во нивна надлежност.
    За разлика од администрацијата и стручната служба на Обвинителството, нивните колеги од судството, кои протестираа пред неполн месец, меѓу другото, барајќи зголемување на платите, се прескокнати. Судската администрација е многу револтирана и најавува радикални мерки ако до датумот кога треба судството да земе плата (судиите подоцна земаат плата од обвинителите), одлуката на Ушковски не се ревидира и ако не го добие долго очекуваното зголемување.
    Раководството на синдикатот на судската администрација и на неговите стотици членови се надева дека претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, која треба да ги преземе ингеренциите во Судскиот буџет од Ушковски, до изборот на нов претседател на Судскиот совет ќе им ги зголеми и нив платите. Претседателот на Судскиот совет е и претседател на Судскиот буџет и тој е потписник на трансакциите во судството.
    “Неделкова, Врховниот суд и скоро сите судии во Македонија дадоа поддршка на нашите барања на протестите. Но, поддршката беше само декларативна. Еве им можност на судиите да не поддржат и со конкретни чекори, бидејќи претседателот на Судскиот совет и власта не казнуваат зашто протестиравме“, велат револтирани соговорници меѓу вработените во судската администрација во скопските судови и потсетуваат дека нив државата секогаш од свои причини ги казнува, запоставува и дискриминира.
    “Ние никогаш со нормална одлука не сме добиле покачување на плата. Секогаш било со протести. Овојпат ни вратија сурово и ниско, поради што судството ќе има сериозни последици во наредните денови“, најавуваат соговорниците на СДК.МК.    .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари