ПРЕД ТРИ ГОДИНИ БЕВМЕ НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ, А СЕГА СМЕ НА ПРВО ИЛИ ВТОРО МЕСТО ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ПРЕД ТРИ ГОДИНИ БЕВМЕ НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ, А СЕГА СМЕ НА ПРВО ИЛИ ВТОРО МЕСТО ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИМицкоски вели дека за три пати пократок период на владеење бруто-домашниот производ пораснал за 120 милиони евра повеќе.(Фото:К.Попов)

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ бруто домашниот производ пораснал за 120 милиони евра. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање пред средбата на Амбасадорскиот совет рече дека до пред три години земјава била убедливо на дното во регионот, а сега сме веќе на прво или второ место според растот на БДП.

    „Kога водите еден процес и во политиката, вие мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш вие лутате во магла и не знаете на крај каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да направам една компаративна анализа на неколку клучни параметри во економијата. Еден од тие е јавниот долг, втор е бруто-домашниот производ. Со бруто-домашниот производ вие можете да ја оцените силината на економијата на една држава, а состојбата на бруто јавниот долг е практично колку сте вие позајмиле и вистински сте ги вложиле тие пари за да генерирате подобри економски резултати. Ако се спореди периодот на претходната влада СДСМ-ДУИ со периодот на оваа влада ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, тогаш ќе дојдеме до следниве параметри: за три пати пократок период бруто-домашниот производ пораснал за 120 милиони евра повеќе. Значи за 120 милиони евра повеќе бруто-домашниот производ за овие две години е поголем отколку за претходните шест од претходната влада“, рече Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира