ПРЕД ВЛАДА ДЕМНОСТРАНТИТЕ ПОРАЧАА „ШУТКА НЕ ТИ БЕГА НИКОЛА“ И СЕ РАЗОТИДОА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕД ВЛАДА ДЕМНОСТРАНТИТЕ ПОРАЧАА „ШУТКА НЕ ТИ БЕГА НИКОЛА“ И СЕ РАЗОТИДОА

    Антивладините демонстранти и вечерва протестот го завршија пред Влада. Една голема група се одвои од пред Кривичниот суд и прва стаса пред Влада. Демонстрантите на сиот глас скандираа „Шутка не ти бега Никола“, свиреа со труби и свирчиња ги дочекаа и останатите кои поспоро доаѓаа од пред Кривичниот суд и за кусо време се разотидоа. Пред Влада вечерва немаше бојадисување иако многумина забележаа дека дождот го измил нивниот труд.

    Шарената револуција вечерва ја бојадиса зградата на Кривичниот суд. Демонстрантите  фрлаа балони со боја и скандира „Нема правда, нема мир“.

    Тие и вечерва се собраа во 18 часот пред Специјално јавно обвинителство (СЈО), мирно поминаа покрај Собранието и продолжија кон Кривичниот суд и тука се заджаа најдолго. “Протестираме тука оти немаме независно судство и немаме правда. Прекршени се човечките права на сите, без разлика на професијата“, рекоа организаторите.

    Пред Кривичниот суд на демнострантите им се обрати и Елена, мајката на притворениот студент Бојан Ефремов.
    „Сакам да упатам порака до сите родители – нема зошто да се плашите, охрабрете ја нашата младина бидејќи избор нема, или ќе живееме во слобода или ќе ги гледаме нашите деца преку вибер и скајп“, порача таа.

    Шарената револуција ја организира граѓанското здружение „Протестирам“. Тие бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    По паузата поради продолжениот викенд поради Велигден и Први мај, активистите на Протестирам вчера се придружија на Второмајскиот протестен марш што го организираше Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права, потпишана од десет синдикати и други организации. Најавуваат дека протестите во наредните денови ќе се интензивираат.

    Неколку од најактивните демонстранти, меѓу кои и лидерите на Левица и студенти остануваат во домашен притвор, откако пред празниците Кривичниот совет на Скопскиот основен суд им го продолжи притворот за уште 30 дена, на барање на јавниот обвинител.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари