ПРЕД ВЛАДА СЕ ПОТРОШИ БОЈАТА, СЕ ИЗМОРИЈА И ПОЛИЦАЈЦИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕД ВЛАДА СЕ ПОТРОШИ БОЈАТА, СЕ ИЗМОРИЈА И ПОЛИЦАЈЦИТЕ

    Вечерва се уморија и полицајците што ја чуваа Владата. Бојата на демонстрантите им беше потрошена, па протестот пред Владата помина здодевно, јавуваат репортерите на СДК.МК.  Откако поминаа пешачејќи неколку клучни точки низ центарот и откако ја истрошија бојата врз барокната фасада на новата зграда на Агенцијата за медиуми, демонстрантите се проретчија.  Пред кордонот од полиција уште малку викаа „Нема правда нема мир“, свиркаа и мирно се разотидоа.  Полицајците ги следеа одмарајќи потпрени на штитовите и чекаа да се разотидат најупорните демонстранти.

    Фото:СДК.МК

    Фото:СДК.МК

    Вечерва протестантите ие се движеа по изменета маршута. Од пред СЈО тргнаа кон седиштето на ЕУ и по улицата „Кирил и Методиј“ продолжија кон Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги. Кордон полиција ја чуваше зградата која е дел од проектот „Скопје 2014“, но тоа не ги спречи демонстрантите во разни бои да бојадисаат барокната фасада. Ги бришеа штитовите на полицајците на кои се истури боја, со спрејови на асфалтот испишаа „Шарена револуција“ и извикуваа „Ова беше парк“ и „Нема правда нема мир“.

    Откако ја бојадисаа Агенцијата, се вратија пред седиштето на ЕУ. Со зборовите „Ова е Македонија, Македонија не е партија, сите сме Македонија“ тука на демонстрантите им се обрати Александар Донев од граѓанската иницијатива Протестирам. Еден од демонстрантите се качи на имрпвизираната бина, го зема микрофонот и повика да се поздрави Зоран Заев. Некои аплаудираа, а повеќето го исвиркаа и викаа Уа.

    Фото:СДК.МК

    Фото:СДК.МК

    Пред седиштето на ЕУ демонстрантите си закажаа средба за утре во исто време и на исто место па многумина помислија дека протестот завршил и почнаа да си заминуваат.

    Протестот го организира граѓанската инцијатива „Протестирам“. Демонстрантите бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Вечерва протести имаше и во Охрид, каде што демонострантите фрлаа јајца на Општината, а во Струмица на протестите се преслушуваа разговори од бомбите. Во Битола вечерва имаше и антивладин протест и контрапротест органзиран од ГДОМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари