ПРЕД ВОДИЦИ ЦАРОВСКА ГИ ПРЕДУПРЕДИ ГРАДИНКИТЕ ДА НЕ ОРГАНИЗИРААТ ВЕРСКИ ОБРЕДИ

    ПРЕД ВОДИЦИ ЦАРОВСКА ГИ ПРЕДУПРЕДИ ГРАДИНКИТЕ ДА НЕ ОРГАНИЗИРААТ ВЕРСКИ ОБРЕДИВерско и политичко организирање на деца во јавните установи е прекршок за кој е предвидена глоба од 1.000 евра. - Од „фрлање крст“ за Водици во градинка (Фото: Фејсбук)

    Министерството за труд и социјална политика непосредно пред верскиот празник Водици или Богојавление, ги предупреди детските градинки дека е забрането политичко или верско организирање на деца.

    „Испративме допис до детски градинки, во кој потсетуваме на одредбите од Законот за заштита на децата, поточно на член 12, став 4, со кој се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, а оваа законска одредба тие треба да ја спроведат. Ги предупредивме доколку во детските градинки се инволвираат деца во политичко или верско организирање, тоа согласно член 228, став 1, алинеја еден преставува прекшок за кој е предвидена глоба“, велат од министерството на Мила Царовска.

    Глобата според законските одредби изнесува 1.000 евра во денарска противвредност, и таа може да се изрече за прекршок на детска градинка, центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст.

    „Превентивно ги предупредивме дека тоа е законски забрането и ако не се почитуваат законските одредби дека тоа ќе биде санкционирано. За Бадник имаше поплаки од родители за верско организирање, а и искуството од минатите години кога се организираа децата преку јавните установи за празникот Водици, сметавме дека треба да дадаеме превентивно потсетување дека законот мора да се почитува“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира