ПРЕДИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА МОРА ДА ГИ ПРЕТСТАВИМЕ, А РЕАКЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ ДАЛИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО ПЕТОК ЌЕ РАБОТИ 4 ЧАСА, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ПРЕДИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА МОРА ДА ГИ ПРЕТСТАВИМЕ, А РЕАКЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ ДАЛИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО ПЕТОК ЌЕ РАБОТИ 4 ЧАСА, РЕЧЕ ЗАЕВЗаев кажа дека овој предлог дошол од одредени граѓани кога пред изборите ја правеле програмата и тие како Влада сите идеи ги ставаат пред јавноста. (Фото: К. Попов)

    Граѓаните ќе одлучат преку нивните реакции дали административците во петок ќе работат 4 часа, кажа премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање за Предлог-законот за административни службеници, Заев кажа дека овој предлог дошол од одредени граѓани кога пред изборите ја правеле програмата и тие како Влада сите идеи ги ставаат пред јавноста, по чии реакции ќе се одлучи дали тој закон ќе помине или не.

    „Кога ги собирате идеите пред избори имате од една крајност до друга и сега ред е да ги понудите тие идеи во јавноста. Како ветување предизборно на политичките партиципиенти во власта тоа е ставено на ЕНЕР и допрва ќе се отвора дискусија за ова прашање. Имало одредени процеси што се ставени во постапка па потоа се повлекле поради реакциите на граѓаните, така ќе биде и овојпат. Тоа е вредноста на демократијата и оваа Влада досега покажала дека ги слуша граѓаните со тоа што биле повлекувани одредени законски решенија“, рече премиерот Заев.

    Одговарајќи на дополнително прашање дали овој закон се предлага пред локалните избори за добивање гласови, Заев рече дека со скратување на работното време на администрацијата не се добиваат гласови.

    „Ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус и мора да биде фокус. Видовме дека целиот систем со 38 отсто на работа луѓе за време на брановите на пандемијата функционираше. Тоа само по себе кажува дека веќе постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени“, рече Заев додавајќи дека администрацијата во 2016 година броела 165.000 вработени, а сега се 132.000.

    Работно време од 4 часа во петок беше предизборно ветување на ДУИ за парламентарните избори 2020 година.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира