ПРЕДМЕТИТЕ ГИ ПРЕЗЕДЕ ЈОВЕСКИ, ЗАСЕГА ГИ ЧУВААТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО, СЕФОТ СО БОМБИТЕ ОД ДЕНЕС Е СО ПОСЕБНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

    ПРЕДМЕТИТЕ ГИ ПРЕЗЕДЕ ЈОВЕСКИ, ЗАСЕГА ГИ ЧУВААТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО, СЕФОТ СО БОМБИТЕ ОД ДЕНЕС Е СО ПОСЕБНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИДржавниот обвинител Љубомир Јовески и шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Русковска на денешното одбележување на почетокот на твининг проект за зајакнување на истражните центри. (Фото: К. Попов)

    Државниот обвинител Љубомир Јовески потврди дека денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде предметите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Бомбите остануваат во сефот на СЈО, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. За нив имало двоен систем на контрола од човечки и техничко-безбедносен карактер, кој ни во СЈО, ни во Јавното обвинителство не го кажуваат.

    „По преземањето, предметите доверени се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети, сè до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет. Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки за начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори, а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители“, соопшти Јовески.

    Тој денеска кажа дека од понеделник Јавното обвинителство ќе контролира дали примените предмети и доказен материјал се совпаѓаат со тоа што го попишале секој од обвинителите од СЈО при примопредавањето. Тоа, рече тој, можеби ќе ги одложи закажаните судски рочишта најмногу една недела.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари