БОМБИТЕ ОДАТ КАЈ ЈОВЕСКИ, СЈО МУ ИСПРАТИ ПИСМО ДЕКА СЕ СПРЕМНИ ВЕДНАШ ДА МУ ГИ ДАДАТ СОСЕ ДОКАЗИТЕ

    БОМБИТЕ ОДАТ КАЈ ЈОВЕСКИ, СЈО МУ ИСПРАТИ ПИСМО ДЕКА СЕ СПРЕМНИ ВЕДНАШ ДА МУ ГИ ДАДАТ СОСЕ ДОКАЗИТЕПредметните обвинители од СЈО ќе треба да ги попишат, спакуваат, архивираат предметите и така да му ги отстапат на Јавниот обвинител Љубомир Јовески. - Катица Јанева; Љубомир Јовески (Фото: СДК.МК)

    По одржаниот колегиум денеска напладне, Специјалното јавно обвинителство испратило писмо до Државниот обвинител Љубомир Јовески дека се подготвени уште веднаш да му ги дадат сите предмети заедно со доказите и прислушуваните материјали. Известувањето, дознаваме, Јовески веќе го примил.

    Предметните обвинители, секој кој си повел истрага и застапува обвинение, заедно со предистрагите што ги водат, ќе треба да ги попишат, спакуваат, архивираат и така да му ги отстапат на Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Дали физички тие ќе се изнесуваат од зградата на СЈО, која останува во сопственост на Јавното обвинителство натаму, ќе треба да каже подоцна државниот обвинител Јовески.

    Во СЈО не се знае уште ни што планира Јовески во однос на нивното распоредување и натамошно застапување на предметите, кои тие веќе ги пакуваат за да му ги предадат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира