ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ НЕ ТРЕБА ДА СЕ УСЛОЖНУВААТ СО БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, КАЖА ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ХОЛШТАЈН НА ДЕНЕШНАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦА

    ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ НЕ ТРЕБА ДА СЕ УСЛОЖНУВААТ СО БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, КАЖА ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ХОЛШТАЈН НА ДЕНЕШНАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦАВладините седници се одржуваат преку видеоконференција од почетокот на пандемијата на КОВИД-19 (Фото: Германска амбасада/Фејсбук)

    Германската амбасадорка Анке Холштајн ги претстави приоритетите на германското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на 2020 година на денешната владина седница. Како најзначајни, таа ги издвои координирањето на заложбите на ЕУ за надминување на заканите од пандемијата со КОВИД-19, економското закрепнување и постигнувањето согласност за повеќегодишната финансиска рамка и за фондот „ЕУ во следната генерација“, стабилизирање на соседството; напредок во проширувањето, Партнерството со Африка и заедничката позиција за Кина, соопштија од Владата.

    Приоритети на германското претседателствување, според презентацијата на амбасадорката Холштајн ќе бидат и завршните преговори и идните релации со Обединетото Кралство, напредокот на зелената и дигиталната трансформација на ЕУ, јакнење на европската солидарност и социјална кохезија, прогресот во политиките на ЕУ за миграциските и прашањата за азил, јакнењето на владеењето на правото како клучна основа на ЕУ, и зајакнувањето на капацитетите на ЕУ во надворешната политика за делување на глобално рамниште.

    Што се однесува до Северна Македонија, Холштајн кажа дека посебен дел од програмата е посветен и на политиката за проширување на ЕУ со кредибилна перспектива за пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан како заеднички интерес и за регионот и од интерес на ЕУ.

    „Во таа насока активно се подготвува рамката за преговори за Северна Македонија и Албанија, земајќи ја предвид новата методологија за проширување, во која според СР Германија, рамката за преговори не треба да се усложнува со билатерални прашања кои останува да се решаваат меѓу засегнатите земји одделно“, се вели во владиното соопштение за гостувањето на амбасадорката Холштајн на денешната седница.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари