ПРЕКИНАТА НАСТАВАТА ВО 33 ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ, СИТЕ ДОБИЛЕ МЕЈЛОВИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ

    ПРЕКИНАТА НАСТАВАТА ВО 33 ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ, СИТЕ ДОБИЛЕ МЕЈЛОВИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИСе преземаат мерки за расчистување на случајот, но досега не е фатен главниот испраќач на мејловите (Фото:СДК.МК)

    Во 33 основни училишта, денеска околу 12.30 часот се прекина наставата поради закани со бомби, а подоцна такви закани стасале и во неколку средни учишта, пак во смената на матурантите.

    Во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

    Околу 14 часот пак, списокот на добиени заканувачки мејлови се прошири и во средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и други.

    Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

    Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    Досега не е фатен главниот испраќач на мејловите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира