ПРЕКИНАТО ПРОИЗВОДСТВОТО НА СТРУЈА ВО РЕК ОСЛОМЕЈ ПОРАДИ ПУКНАТА ЦЕВКА

    ПРЕКИНАТО ПРОИЗВОДСТВОТО НА СТРУЈА ВО РЕК ОСЛОМЕЈ ПОРАДИ ПУКНАТА ЦЕВКАСе очекува РЕК Осломеј повторно да почне да произведува струја од сабота. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од денеска е прекинато производството на струја во РЕК Осломеј. Како што велат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), 48-часовниот прекин во работата е поради пукната цевка што е најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира. Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежата од сабота.

    Сега производството на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред сè со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола. Напоменуваме дека РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020 во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси“, велат од ЕСМ.

    Производството заклучно со вчерашниот ден во РЕК Осломеј достигна 219 гигават часови со тоа, како што велат од ЕСМ, го исполни и го надмина планот за производство за 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира