Премиерот Димитар Ковачевски е во добра здравствена состојба, откако синоќа бил примен на Инфективната клиника поради болки во стомакот, веројатно од труење со храна.
На Инфективна му била пружена целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобрила и бил пуштен дома.
„Пружена му е целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба“, велат од Владата.