ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е СПРОТИВЕН НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА НАРЕДБАТА НА БАЈДЕН

    ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е СПРОТИВЕН НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА НАРЕДБАТА НА БАЈДЕНОд вчерашната блокада на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието за преговорите со Бугарија. (Фото: К. Попов)

    ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие не учествувале во преговарањето, креирањето, носењето во парламентот на Договорот од Преспа и во негова имплементација, а истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси, во реакцијата по Извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе ставени на црна листа оние кои работат против Преспанскиот договор.

    Во писменото соопштение од опозициската партија тие велат дека „станува збор за рамка која се дефинира периодично и со која САД ги штити своите национални интереси посочувајќи ја потребата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и потенцира повеќе регионални договори меѓу кој и Преспанскиот каде дипломатијата на САД активно била вклучена“.

    „ВМРО-ДПМНЕ како партија има задача и обврска да ги штити националните и државните интереси. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за преспанскиот договор е следен: ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањето, креирањето, неговото носење во парламентот и негова имплементација, истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси“, се вели во соопштението.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ја поддржуваат „бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата содржани во рамката и во тој случај половина влада на Зоран Заев и СДСМ треба да биде на црната листа, бидејќи речиси нема министер кој не е длабоко заглавен во коруптивни и криминални афери“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира